Општи услови за користење на оnline услугите и e-mail сервисот на e-setter.mk
Содржина
- 1. ПРЕДМЕТ НА OПШТИТЕ УСЛОВИ
- 2. ОПИС НА ONLINE УСЛУГИТЕ И Е-MAIL СЕРВИСОТ
- 3. КОРИСНИК НА E-MAIL СЕРВИСОТ НА e-SETTER.mk
- 4. ОБРСКА ЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА КОРИСНИКОТ НА ONLINE УЛУГИТЕ
- 5. КОРИСНИЧКО ИМЕ, ЛОЗИНКА, БЕЗБЕДНОСТ
- 6. КОРИСТЕЊЕ НА Е-MAIL СЕРВИС И ONLINE УСЛУГИТЕ НА e-SETTER.mk,
Правила на однесување
- 7. СОДРЖИНА И ОДНЕСУВАЊЕ НА e-SETTER.mk
- 8. ОПШТИ ПРАКТИКИ ВО ВРСКА СО УПОТРЕБА И ЧУВАЊЕТО НА Е-MAIL ACCOUNT
- 9. БЛОКИРАЊЕ И УКИНУВАЊЕ
- 10. ПРОМЕНИ НА УСЛУГАТА
- 11. ОГРАНИЧУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ
- 12. НЕПРИЗНАВАЊЕ НА ГАРАНЦИИ
- 13. ПОСЕБНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ПРИ КОРИСТЕЊЕ НА Е-MAIL СЕРВИСОТ
- 14. ОШТЕТА
- 15. ИЗВЕСТУВАЊЕ
- 16. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Политика на e-setter.mk за anti spam (против несакана електронска пошта)
- 1. ОПШТИ ОДРЕДБИ
- 2. ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ
- 3. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
- 4. КАКО ДА СЕ ПРИЈАВИ НЕСАКАНА ЕЛЕКТРОНСКА ПОШТА
- 5. ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ НА ПОДАТОЦИТЕ ПРИ КОРИСТЕЊЕ НА СЕРВИСОТ И ONLINE УСЛГИТЕ
- 6. ПРЕДМЕТ НА ПОЛИТИКАТА ЗА ПРИВАТНОСТ
- 7. СОБИРАЊЕ ИНФОРМАЦИИ
- 8. УПОТРЕБА, СПОДЕЛУВАЊЕ И ОТКРИВАЊЕ НА ИНФОРМАЦИИТЕ
- 9. КОРИСТЕЊЕ НА COOKIES
- 10. КОНТРОЛА НА ВАШИОТ Е-MAIL ACCOUNT И ВАШИТЕ ИНФОРМАЦИИ
- 11. ДОВЕРЛИВОСТ И БЕЗБЕДНОСТ
- 12. КОНТРОЛИРАЊЕ НА “SPAM” ИЛИ НЕСАКАНА ЕЛЕКТОНСКА ПОШТА
- 13. ПРОМЕНА НА ПОЛИТИКАТА НА ПРИВАТНОСТ
- 14. ИНФОРМАЦИИ И КОНТАКТИ 2
Општи услови за користење и безбедност на online услугите и е-mail сервисот на e-Setter
1. ПРЕДМЕТ
-
1. Предмет на Општите Услови за користење и безбедност на online услугите и E-mail сервисот на e-SETTER.mk се условите и обврските за безбедносно користење на еmail сервисот и online услугите на e-SETTER.mk, со кои се уредуваат односите меѓу e-SETTER.mk и корисникот на е-mail сервисот и online услугите
- 2. e-SETTER.mk има право повремено да ги ажурира и надополнува Општите Услови, соодветно на модификациите и усовршувањето на E-mail сервисоти Online услугите на e-SETTER.mk, без претходно известување. Најновата верзија на Општите Услови можете да ја погледнете во било кое време на следниот линк: http://www.webmail.e-setter.mk. За измените на Општите услови, корисникот ќе биде известен по направените ажурирања и надополнувања.
2. ОПИС НА Online услугите и E-mail сервисот
Електронска пошта, скратено e-mail, е порака во форма на текст, звук или слика пренесена преку јавна комуникациска мрежа и која може да биде зачувана во мрежата или терминалната опрема на примателот, се додека примателот не ја преземе. E-mail адреса т.е. е-mail account е адреса преку која се примаат и испраќаат пораките. Корисникот со испраќање СМС порака или преку регистрација на веб страната e-setter.mk дефинира сопствена e-mail адреса со Корисничкото име (Username) и Лозинка (Password).
-
1. Со прифаќање на овие услови, е-SETTER.mk им овозможува на корисниците:
- • креирање и користење на сопствен e-mailaccount (адреса) кој се користи за лични потреби во Интeрнет комуникација, со обезбедена заштита и безбедност, дефинирани во Условите за користење и Политика за приватност на податоците при користење на е-mail сервисот и online услугите на E-SETTER.mk(Политика за приватност).
- • Webmail софтвер кој овозможува e-mail комуникација и преглед на е-mail account-от . Најавувањето е на страницата http://www.webmail.{префикс}.mk, со внесување на корисничкото име и лозинката. На истата страница може да се погледне Упатството за користење на webmail.
- • користење на е-mail account со помош и на други комуникациски е-mail апликации (клиент). Упатство за подесување на e-mailклиент (Outlook) може да се најде на следниот линк: http://www.webmail.{префикс}.mk.
- • користење на online услугите
- 2. Корисникот разбира и прифаќа дека e-mail Сервисот и Online услугите се обезбедуваат “AS-IS” (какви што се) и дека E-SETTER.mk не превзема никаква одговорност за навременост, бришење, погрешна достава или неуспешно зачувување на било каква комуникација или лични подесувања на корисникот.
3. КОРИСНИК НА E-MAIL СЕРВИСОТ НА E-SETTER.mk
Корисник на e-mail сервисот на E-SETTER.mk е:
- 1. Секој редовен претплатник на услуга на е-SETTER.mk, која вклучува email account со корисничко име како сопствениот телефонски број и домен кој е идентичен со сопствениот префикс.
-
2. Било кое физичко лице или правно лице кое има регистрирано e-mail account, кој не е дел од услуга на е-SETTER.mk
-
• Корисник на сопствена бесплатна e-mail адреса од следниов облик username@{префикс}.mk
-
• Корисник на хостинг простор на е-SETTER.mk со кој се обезбедува сопствен домеин imenafirma.com.mk и одреден број на e-mailадреси од следниов облик username@imenafirma.com.mk
4. ОБВРСКА ЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА КОРИСНИКОТ НА ONLINE УСЛУГИТЕ
- 1. Во врска со користењето на Услугите корисникот изјавува дека има право да стапува во обврзувачки договор и дека не е лице на кое му е забрането да ги прима услугите согласно законите на РМ или друго применливо законодавство.
-
2. Корисникот е согласен да:
-
• обезбеди вистинити, точни, ажурирани и целосни информации за себе како што се наведени во Формуларот за регистрација на услугата (во понатамошниот текст “Податоци за регистрирање”), и
-
• да ги одржува и навремено да ги ажурира Податоците за регистрирање за истите да бидат вистинити, точни, ажурирани и целосни.
- 3. Доколку корисникот обезбеди било какви информации кои се невистинити, неточни, неажурирани или нецелосни, или е-SETTER.mk има разумна основа да се сомнева дека таквите информации се невистинити, неточни, неажурирани или нецелосни, е-SETTER.mk има право да го блокира или укине неговиот account и да одбие било какво и целосно сегашно или идно користење на (или било кој дел од истите). Само правилно и целосно пополнет формулар ќе биде проследен.
- 4. Податоците за регистрација и одредени други информации за корисникот се предмет на Политиката за приватност на е-SETTER.mk. Корисникот разбира дека преку користењето на Услугите е согласен со прибирањето и користењето (како што е дефинирано во Политика за приватност на овие информации, вклучувајќи го и трансферот на овие информации во РМ и/или други земји за чување, обработка и користење од страна на е-SETTER.mk.
5. КОРИСНИЧКО ИМЕ, ЛОЗИНКА И БЕЗБЕДНОСТ
- 1. Корисникот, при процедурата за регистрирање на е-mail сервисот и Online услугите на е-SETTER.mk ќе добие корисничко име и лозинка кои служат за авторизиран пристап на e-mail сервисот на е-SETTER.mk со што е должен да ги чува од неовластена употреба од страна на трети лица.
- 2. Корисникот е одговорен за одржување на доверливоста на корисничкото име и лозинката и е целосно одговорен за сите активности кои произлегуваат од неговото корисничко име и лозинка.
-
3. Корисникот е согласен
- • веднаш да го извести е-SETTER.mk за било какво сомневање за неовластено користење на неговата лозинка или account или било какво прекршување на безбедноста од трети лица, и
- • да осигури дека се одјавил од својот account на крајот од секоја сесија (користење на account-от).
- 4. е-SETTER.mk не може и нема да се смета за одговорен за било каква загуба или штета која произлегува од непочитување на Дел 5. За повеќе информации погледнете ја целосната Политика за приаватност која е дел од овој документ.
6. КОРИСТЕЊЕ НА E-MAILСЕРВИС И ONLINE УСЛУГИТЕ НА е-SETTER.mk, ПРАВИЛА НА ОДНЕСУВАЊЕ
- 1. Корисникот потврдува дека е запознаен и со тоа ги прифаќа обврските дека при користење на е-mail услугите ќе се придржува на правилата на однесување и се обврзува дека тие ќе ги применува и заштити постапките и програмите пропишани од страна на е-SETTER.mk, а кои се достапни на веб страницата на е-SETTER.mk : www.webmail.e-setter.mk.
- 2. Корисникот разбира дека сите информации, податоци, текст, софтвер, музика, звук, фотографии, графика, видео, пораки или други материјали (“Содржина”), без оглед дали јавно објавена или приватно пренесена, се единствена одговорност на лицето од каде потекнува таквата Содржина. Ова значи дека корисникот, а не e-SETTER.mk, е целосно одговорен за целокупната Содржина која корисникот ќе ја внесе, објави, испрати преку e-mail, пренесе или стави на располагање преку Услугата.
-
3. Особено се забранува и претставува повреда на Општите Услови за користење и безбедност на online услугите и e-mail сервисот на e-SETTER.mk:
- • објавувањето или пренесувањето на податоци спротивно на важечките прописи, односно неточни, непотполни, навредливи податоци за кои се знае или би можело да се знае дека се неточни/непотполни/навредливи, а кои со користењето може да му наштети на e-SETTER.mk или на трети лица.
- • објавување или пренесување на промотивен и рекламен материјал кои содржи лажни информации, залажувачки наводи и тврдења, односно на други лица да прати рекламен или промотивен материјал без нивно барање и одобрување, вклучувајќи испраќање на непобарани електронски пораки (spam e-mail);
- • објавување тајни податоци на други физички или правни лица;
- • објавување, праќање или пренесување содржини кои нудат услуги или производи во форма на синџир на писма;
- • ги користи интернет услугите на e-SETTER.mk на кој било начин со кој би можело да се загрози системот и работата на интернет услугата на e-SETTER.mk.
- • вознемирување по пат на електронска пошта во која била форма;
- • повреди на малолетни лица на било каков начин;
- • креирање или проследување на синџир на среќа;
- • праќање на големи количини непосакувани или небарани електронски пораки на една корисничка сметка (mail bombing);
- • лажно претставување;
- • погрешно прикажување на насловот на пораката;
- • неавторизиран обид односно остварување на пристап на туѓа корисничка сметка или на ресурсите на туѓи сметачи.
- • неовластено давање на употреба на корисничкото име на другите лица;
- • работи кои на другите корисници им оневозможуваат нормално користење на интернет услугите на e-SETTER.mk (denial-of-service);
- • праќање на пораки на Usenet или на други групи, форуми или маилинг листи кои не одговараат тематски (news spam);
- • дистрибуирање на лажни податоци за мрежата; xvii. користење на интернет услугите на e-SETTER.mk за незаконски цели;
- • преземање работи и активности спротивно на начелата на однесување на интернет (Netiquette);
- • фалсификување информации за фајлот или преносот или на друг начин манипулирање со идентификатори со цел прикривање на потеклото на било каква Содржина пренесена преку Услугите;
- • испраќање (upload), објавување, испраќање преку e-mail, пренос или ставање на располагање на било каков материјал кој содржи софтверски вируси или други компјутерски кодови, фајлови или програми дизајнирани да ја попречат, уништат или ограничат функционалноста на било кој компјутерски софтвер или хардвер или телекомуникациска опрема;
- • попречување или прекинување на Услугата или серверите или мрежите поврзани со Услугата, или непочитување на било какви барања, процедури, политики или регулативи на мрежите поврзани со Услугата; Корисникот ги сноси сите одговорности за законитоста, содржината, квалитетот и вистинитоста на информацијата, апликацијата, податоците, аудио и видео записите како и сите други материјали кои ги понудува и се достапни по пат на интернет услугите на e-SETTER.mk, интернет или e-mail. Корисникот треба да ја процени употребата на Содржината и ги сносие сите ризици од истата, вклучувајќи ја веродостојноста на точноста, целосноста или корисноста на Содржината. Корисникот се обврзува дека ќе ги користи заштитените содржини на интернет (cоpyright, trademark, intelectual property rights) во согласност со важечките прописи на Република Македонија, со што нема да ги користи, објави или прати без согласност на сопственикот на содржината. Строго се забранува, било каква, целосна или делумна, неовластена репродукција, објавување, дополнителна дистрибуција или јавно изложување на материјалите овозможени со Услугата.
7. СОДРЖИНА И ОДНЕСУВАЊЕ
- 1. e-SETTER.mk, не сноси никаква одговорност за целокупната Содржина која корисникот ќе ја внесе, објави, испрати преку e-mail, пренесе или стави на располагање преку Услугата.
- 2. e-SETTER.mk не ја контролира Содржината објавена преку Услугата и како таква, не ја гарантира точноста, интегритетот или квалитетот на таквата Содржина.
- 3. Под никакви околности e-SETTER.mk нема да се смета за одговорен на било каков начин за било каква Содржина, вклучувајќи, но неограничувајќи се на било какви грешки или пропусти во Содржината, за било каква загуба или штета настаната како резултат на користење на било каква Содржина објавена, испратена преку e-mail, пренесена или ставена на располагање на било каков начин преку Услугата.
- 4. e-SETTER.mk и соодветните назначени лица имаат право да отстранат било каква содржина која ги прекршува Условите на услугата или е на друг начин навредлива.
-
5. Корисникот потврдува, одобрува и се согласува дека e-SETTER.mk може да има пристап, да ги чува и открие содржината и информациите на account-от, доколку е тоа наложено со закон или одлука на надлежен државен орган, а особено доколку таквиот пристап, чување или откривање е разумно неопходно со цел:
- • придржување кон законските прописи;
- • примена на Условите на услугата;
- • одговор на тврдења дека било која содржина ги прекршува правата на трети страни;
- • одговор на барања на корисникот за кориснички услуги, по претходна согласност/барање на корисникот или
- • заштита на права, имот или лична безбедност на e-SETTER.mk, неговите корисници и јавноста.
-
6. Корисникот разбира дека техничкото процесирање и пренос на Услугата, вклучувајќи ја содржината, може да вклучува
- (а) пренос преку различни мрежи и
- (б) промени за усогласување и прилагодување на техничките барања за поврзување на мрежи или уреди.
- 7. Корисникот разбира дека Услугата и софтверот содржани во Услугата може да вклучуваат безбедносни компоненти кои дозволуваат заштита на дигиталните материјали, при што користењето на овие материјали е предмет на правилата за употреба поставени од страна на e-SETTER.mkи/или правилата за употреба содржани во Услугата.
8. ОПШТИ ПРАКТИКИ ВО ВРСКА СО УПОТРЕБАТА И ЧУВАЊЕТО НА E-MAIL ACCOUNT
-
1. Корисникот е свесен дека e-SETTER.mk може да воспостави општи практики и ограничувања во врска со употребата на Услугата, вклучувајќи го тука без било какви ограничувања:
- a. максималниот број на денови во текот на кои e-mail пораките, или другите испратени содржини ќе бидат задржани од страна на Услугата.
- b. максималниот број на e-mail пораки кои може да се испратат од или да се примат на некој account на Услугата.
- c. максималната големина на некоја порака која може да се испрати или да се прими на некој account на Услугата е 20 MB (во зависност од типот на Интернет конекцијата).
- d. максималниот простор на дискот кој може да го користи корисникот за неговиот account на домен e-SETTER.mk e 50MB а за сопствен домен e 200 MB по mail account.
- e. Преку e-SETTER.mk серверите може да се испрати порака на максимум 50 приматели истовремено.
- f. e-SETTER.mk го задржува правото да ги избрише сите пораки воTRASH фолдерот на секои 7дена.
- g. Доколку е-mail адресата на корисникот завршува на @prefiks.mk, пораките од Spam фолдерот автоматски се бришат на 2 дена.
- h. Доколку е-mail адресата на корисникот е на сопствен домен (telefonskibroj@prefiks.mk), пораките од Spam фолдерот автоматски се бришат на 5 дена.
- i. e-mail account-от на корисник на e-mail адреса на “@prefiks.mk”, со кој корисникот се нема логирано повеќе од 9 месеци, ќе биде блокиран без да се бришат неговите пораки и корисникот нема да биде во можност да прима и праќа пораки.
- j. e-mail account-от на корисник на e-mail адреса на “@prefiks.mk”, со кој корисникот се нема логирано повеќе од 12 месеци, ќе биде избришан и сите пораки, фолдери и контакти ќе бидат избришани.
- k. Повторно активирање на блокиран e-mail account ќе може да се обезбеди со јавување на бесплатниот тел. број XXXXXX, во рок од 90 дена, со наведување на корисничкото име и лозинката. По истекот на периодот од 90 дена од денот на блокирање, блокираниот e-mail account ќе биде избришан и може да биде доделен на друг корисник.
- 2. Корисникот се согласува дека e-SETTER.mk не сноси одговорност за бришење или неуспешно зачувување на пораки и други комуникации или други Содржини кои се одржуваат или пренесуваат преку Услугата.
- 3. Корисникот е свесен дека e-SETTER.mk го задржува правото да ги одјави account-ите кои се неактивни подолг временски период.
- 4. Исто така, корисникот е свесен дека e-SETTER.mk го задржува правото повремено да ги менува овие општи практики и ограничувања.
Во документот „Упатство за користење на webmail“ се опишани можностите кои ги нуди webmail системот за користење на е-mail преку веб страницата www.webmail.e-setter.mk.
Во документот „Упатство за користење на anti-spam заштитата“ е детално опишан начинот на користење на anti-spam заштитата. Документите се поставени на страницата www.webmail.e-setter.mk
9. БЛОКИРАЊЕ И УКИНУВАЊЕ
- 1. Корисникот се согласува дека e-SETTER.mk може, под одредени услови и без претходно известување, веднаш да го укине неговиот e-SETTER.mk account, сите поврзани e-mail адреси и пристапот до услугата. Страница 8 од 18 Општи услови за користење и безбедност на online услугите и e-mail сервисотна e-SETTER.mk.
-
2. Причините за такво укинување вклучуваат, но не се ограничени на:
- • кршење или прекршување на Општите Услови, или други вклучени договори односно упатства,
- • барања од од органите за спроведување на законот или други државни органи,
- • на барање на корисникот (самоиницијативно бришење на account),
- • прекинување на метеријалните промени на Услугата (или некој нејзин дел),
- • неочекувани технички или безбедносни прашања или проблеми,
- • продолжени периоди на неактивност,
- • вклученост во измамнички или незаконски активности, и/или
-
• неплаќање на било какви надоместоци кои корисникот ги должи во врска со Услугите (e-mail адреси од типот telefonskibroj@prefiks.mk имаат годишна претплата)
-
3. Укинувањето (одјавување) на e-SETTER.mk account-от на корисникот вклучува:
- • оневозможување на пристап до сите понуди (сервиси) вклучени во Услугата, 8
- • бришење на корисничкото име на корисникот и сите информации, фајлови и содржини поврзани со или содржани во вашиот account (или некој негов дел), и
- • забрана на понатамошно користење на Услугата.
-
4. Блокирање на e-SETTER.mk e-mail account-от на корисникот:
- • Не вклучува бришење на корисничкото име и лозинката , но корисникот не е во можност да прима и праќа пораки и се чека за одговор на корисникот за повторно активирање.
- 5. Исто така, корисникот се согласува дека сите укинувања заради одредена причина се дискреционо право на e-SETTER.mk и дека e-SETTER.mk нема да одговара на истиот или на било која трета страна за било какво укинување на account, поврзани email адреси или пристап до услугата.
10. ПРОМЕНИ НА УСЛУГАТА e-SETTER.mk го задржува правото во било кое време и повремено да ја менува или прекинува, привремено или постојано, Услугата (или некој нејзин дел) со или без претходно известување. Корисникот се согласува дека E-SETTER.mk не му е одговорен нему или на било која трета страна за било каква промена, привремен или траен прекин на Услугата.
11. ОГРАНИЧУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ КОРИСНИКОТ РАЗБИРА И СЕ СОГЛАСУВА ДЕКА e-SETTER.mk НЕМА ОДГОВОРНОСТ КОН НЕГО/НЕА ЗА БИЛО КАКВА ДИРЕКТНА, ИНДИРЕКТНА, ИНЦИДЕНТНА ИЛИ ПОСЕБНА ШТЕТА, ШТЕТА КАКО РЕЗУЛТАТ НА ОКОЛНОСТИ ИЛИ ДРУГА ШТЕТА, ВКЛУЧУВАЈЌИ НО НЕ ОГРАНИЧУВАЈЌИ СЕ НА ШТЕТА ЗА ЗАГУБА НА ПРОФИТ, ДОБРА ВОЛЈА, УПОТРЕБА, ПОДАТОЦИ ИЛИ ДРУГА НЕМАТЕРИЈАЛНА ШТЕТА (ДУРИ И АКО e-SETTER.mk БИЛ ИЗВЕСТЕН ЗА МОЖНОСТА ЗА ТАКВА ШТЕТА), КАКО РЕЗУЛТАТ НА:
- • КОРИСТЕЊЕТО ИЛИ НЕМОЖНОСТА ДА СЕ КОРИСТИ УСЛУГАТА
- • ТРОШОЦИТЕ ЗА НАБАВКА НА ДОБРА И УСЛУГИ ЗА ЗАМЕНА НАСТАНАТИ ПОРАДИ БИЛО КАКВИ ДОБРА, ПОДАТОЦИ, ИНФОРМАЦИИ ИЛИ УСЛУГИ НАБАВЕНИ ИЛИ ДОБИЕНИ ИЛИ ПОРАКИ ПРИМЕНИ ИЛИ ТРАНСАКЦИИ ВО КОИ, ПРЕКУ КОИ ИЛИ ОД КОИ КОРИСНИКОТ СЕ ВКЛУЧИЛ СО УСЛУГАТА
- • НЕОВЛАСТЕН ПРИСТАП ДО ИЛИ ИЗМЕНА НА ПРЕНОСОТ ИЛИ ПОДАТОЦИТЕ НА КОРИСНИКОТ
- • ИЗЈАВИ ИЛИ ДЕЈСТВИЈА ПОВРЗАНИ СО УСЛУГАТА НА БИЛО КОИ ТРЕТИ СТРАНИ, ИЛИ
- • Други работи поврзани со услугата.
12. НЕПРИЗНАВАЊЕ НА ГАРАНЦИИ
Корисникот јасно разбира и се согласува дека:
- 1. Користењето на Услугата е на негов личен ризик. Услугата се обезбедува “како што е“ и “како што е достапна”. e-SETTER.mk јасно нагласува дека не признава гаранции од било каков вид, дали експлицитни или имплицитни, вклучувајќи, но неограничувајќи се на имплицитните гаранции за пазарност, погодност за одредена цел и непрекршливост.
-
2. e-SETTER.mk не дава гаранции дека,
- (i) Услугата ќе ги задоволи корисничките барања, дека 9
- (ii) Услугата ќе биде непрекинлива, навремена, сигурна, или пак без грешки,
- (iii) дека резултатите кои можат да се постигнат со користењето на Услугата ќе бидат прецизни и сигурни,
- (iv) дека квалитетот на било кои производи, услуги, информации, или други материјали кои корисникот ги купил или добил преку Услугата ќе ги задоволи корсиничките очекувања, и
-
(v) дека било какви грешки во Софтверот ќе бидат корегирани.
- 3. Секое симнување на материјал или добивање на истиот на друг начин преку користење на Услугата е на сопствена волја и ризик на корисникот и само корисникот ќе биде одговорен за било каква штета што настанала на неговиот компјутерски систем или губење на податоци, како резултат на симнувањето на таквиот материјал.
- 4. Било каков совет, или информација, било усна или писмена, која корисникот ја добил од e-SETTER.mk или од Услугата нема да претставува гаранција, доколку таа не е јасно наведена во Општите Услови за користење и безбедност на online услугите и e-mail сервисот на e-SETTER.mk.
13. ПОСЕБНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ПРИ КОРИСТЕЊЕ НА E-MAIL СЕРВИСОТ
- 1. Трансакции со адвертајзери Кореспонденцијата или деловните трансакции на корисникот со, или учество во промоции на адвертајзери најдени на или преку Услугата, вклучувајќи плаќање и достава на соодветните производи или услуги, и било кои други услови, гаранции или пред-договори, се регулираат единствено помеѓу корисникот и адвертајзерот. Корисникот се согласува дека e-SETTER.mk не е одговорен за било каква штета или загуба предизвикана како резултат на таквите трансакции или како резултат на присуството на таквите адвертајзери на Услугата.
- 2. Линкови Услугата може да обезбеди, или трета страна може да обезбеди, линкови до други www страници или ресурси. Бидејќи e-SETTER.mk нема контрола над таквите страници и ресурси, корисникот потврдува и се согласува дека e-SETTER.mk не е одговорен за достапноста на таквите надворешни страници или ресурси, и не поддржува и не е одговорен за било каква Содржина, реклама, производ или други материјали на или расположливи од таквите страници или ресурси. Корисникот исто така потврдува и се согласува дека e-SETTER.mk не е одговорен, директно или индиректно, за било каква штета или загуба предизвикана или за која се претпоставува дека е предизвикана со или во врска со користењето или веродостојноста на било каква Содржина, производи или услуги достапни преку таквите страници или ресурси.
- 3. За услуги поврзани со финансиски прашања Доколку корисникот планира да создаде или да се приклучи на било каква услуга, да прима или бара било какви вести, пораки, известувања или други информации од Услугата кои се однесуваат на компании, берзански извештаи, инвестиции или хартии од вредност, задолжително треба повторно да ги прочита Деловите 11 и 12. Тие важат двојно за корисникот. Дополнително, особено за овој вид на информации, фразата “Инвеститорот не внимава” е соодветна. Услуга се обезбедува само за информативни цели и било каква Содржина не е наменета за тргување или инвестирање. e-SETTER.mk и корисниците на лиценците на e-SETTER.mk не се одговорни или правно одговорни за точноста, корисноста или достапноста на било какви информации пренесени или ставени на располагање преку Услугата и не се одговорни или правно одговорни за било 10 какви одлуки поврзани со трговија или инвестиции донесени врз основа на таквите информации.
14. ОШТЕТА
Корисникот се согласува да го обесштети и да го смета e-SETTER.mk и сите негови подружници, филијали, директори, агенти, страни кои го користат брендот на E-SETTER.mk или други партнери и вработени за неподложни на било какви побарувања, вклучувајќи и обесштетување за разумните адвокатски такси кои се предизвикани од било која трета страна заради или како резултат на Содржината која корисникот ќе ја достави, објави, пренесе или стави на располагање преку неговата Услуга, неговото користење на услугата, неговата конекција до Услугата, прекршувањето Општите Услови од негова страна или кршење на било какви права на други страни.
15. ИЗВЕСТУВАЊЕ
- 1. e-SETTER.mk може да ги известува корисниците, вклучувајќи ги и оние известувања кои се однесуваат на измените во Општите Услови, по e-mail, обична пошта или преку објави на Услугата.
- 2. E-SETTER.mk има право да го користи корисничкиот e-mail account за комуникација и информирање, во интерес на корисничките потреби, а во согласност со Општите Услови за приватност на online барања и законите на РМ.
16. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Овие Општи Услови претставуваат дополнување на Договорот помеѓу корисникот и e-SETTER.mk и надвладува било какви претходни договори помеѓу корисникот и e-SETTER.mk во однос на Услугата. Исто така, можат да бидат дефинирани и дополнителни услови кои можат да важат кога корисниците користат или набавуваат одредени други услуги од e-SETTER.mk, услуги од подружници, содржина од трети страни или софтвер на трети страни. Нема право на наследство и пренесување. Корисникот се согласува дека e-SETTER.mk account-от не може да се пренесе и било какви права на e-SETTER.mk account-от или содржината во account-от престануваат по корисничката смрт. По добивање на примерок на извод од матична книга на умрени, account-от може да се укине и сета содржина на истиот перманентно избришана.
Статутарни ограничувања
За се она што не е предвидено со овие Општи Услови ќе важат одредбите од Законот за Облигации (Сл. Весник 18/2001) .
Информации за контакти Коментарите на корисниците во врска со овие Општи услови за користење и безбедност на онлине услугите и e-mail севрвисот на e-SETTER.mk се добредојдени. Доколку корисникот има прашања или сметате дека e-SETTER.mk не се придржува на правилата дефинирани во него, може да контактира со службата за Односи со корисници на XXXXXXX. Корисникот е должен да пријави било какви прекршувања на Општите Услови на службата за Односи со корисници на XXXXXXXX (достапна 24 часа).
Известување и согласност
Општите услови заедно со неговите додатоци се однесуваат на постоечките и идните корисници на e-SETTER.mk услугите. Општите услови заедно со додатоците ќе бидат изложени на web страната на e-SETTER.mk www.webmail.e-setter.mk
ПОЛИТИКА НА e-SETTER.MK ЗА ANTI-SPAM (ПРОТИВ НЕСАКАНА ЕЛЕКТРОНСКА ПОШТА)
1. ОПШТИ ОДРЕДБИ
- 1. SPAM - Electronic junk mail (бескорисни електронски пораки) или Junk newsgroup postings (бескорисни вести и реклами). Може да се дефинира и како неовластено и/или небарано масовно испраќање на електронски пораки.
- 2. e-SETTER.mk (e-SETTER.mk) го забранува користењето на услугите на e-SETTER.mk на било кој начин поврзани со пренесување, дистрибуирање или доставување на несакана bulk или несакана комерцијална електронска пошта (“Spam”).
- 3. Корисникот на услугите на e-SETTER.mk не смее да ги користи истите за испраќање на Spam. Исто така, не смее да доставува Spam или да предизвика Spam за да биде доставен до било која од e-SETTER.mk услугите на e-SETTER.mk или корисниците на e-SETTER.mk.
-
4. e-SETTER.mk не одобрува пренесување на електронска пошта од страна на сервер за електронска пошта на трето лице без дозвола на тоа трето лице. Ова вклучува било какви промотивни материјали, URL, “Junk Mail”, “Chain Letters”, “пирамидални измами” или било која друга форма на неовластено соопштение кое можете да го ставите на интернет (upload), објавите, испратите по електронска пошта, пренесете или да го направите достапно на било кој друг начин. e-SETTER.mk не одобрува прибирање, минирање или собирање на адреси на електронска пошта или други информации од или преку e-SETTER.mk услугите.
e-SETTER.mk нема да дозволи или одобри на други неовластени лица да ги користат e-SETTER.mk услугите за собирање, акумулирање или добивање на било какви информации за неговите корисници или претплатници, вклучувајќи ги и, но не ограничувајќи се на адресите од електронската пошта на претплатниците кои се доверливи информации и се сопственост на e-SETTER.mk.
Користењето на e-SETTER.mk услугите, исто така е и предмет на Политиката за приватност на e-SETTER.mk и на Општите услови за користење на е-mail услугата на e-SETTER.mk. e-SETTER.mk нема да дозволи или одобри било каков обид за користење на e-SETTER.mk услугите на начин кој би можел да му наштети, онеспособи, преоптовари или повреди било кој аспект на некоја од e-SETTER.mk услугите или кој би можел да се вмеша во користењето или уживањето на било која e-SETTER.mk услуга на друго лице.
-
5. Во прилог на тоа, електронската пошта која е испратена или која е предизвикано да биде испратена до или преку e-SETTER.mk услугите ќе се смета како несакана електронска пошта, доколку:
- • користи или содржи невалидни или лажни заглавија.
- • користи или содржи невалидни или непостоечки имиња на домени.
- • применува било каква техника за да претстави на друг начин, скрие или направи нејасна, било каква информација при идентификувањето на местoто на потекло или патеката на пренос.
- • користи други средства на измамничко адресирање.
- • користи име на интернет домен на трето лице, да биде пренесена од или преку опрема на трето лице, без дозвола од третото лице.
- • содржи лажни информации или информации кои даваат погрешна насока во полето за subject или на друг начин содржи лажна содржина или содржина која содржи погрешна насока.
- • не успее да соодветствува со дополнителните технички стандарди опишани подолу.
-
• на друг начин да ги повредува Условите за користење на e-SETTER.mk услугите.
2. Посебни одредби
- 1. Доколку e-SETTER.mk констатира дека се врши неодобрено или несоодветно користење на било која e-SETTER.mk услуга, има право, без известување, да превземе активности кои по својата сопствена дискреција ги смета за соодветни, вклучувајќи блокирање на пораки од определен домен на интернет, сервер за електронска пошта или IP адреса.
- 2. e-SETTER.mk има право веднаш да го укине било кој account на било која e-SETTER.mk услуга за која ќе определи по своја сопствена дискреција дека пренесува или на друг начин е поврзана со било која електронска пошта која ја повредува оваа политика.
- 3. Попречување на нормалниот тек на Интернет дијалог и било какво неовластено користење на компјутерските системи на e-SETTER.mk е повреда на Условите за користење на e-SETTER.mk услугите и Општата политика за Spam.
3. Завршни одредби
Ништо во оваа политика не е наменето за доделување на било какво право за пренесување или испраќање на електронска пошта до или преку e-SETTER.mk услугите. Доколку не се примени оваа политика во секој нејзин дел, тоа нема да се смета за откажување на правото на e-SETTER.mk за примена на своите права во иднина. Неовластено користење на e-SETTER.mk услугите во врска со преносот на несакана електронска пошта, вклучувајќи и повреда на одредбите содржани во оваа политика може да резултира со граѓански, кривични или административни постапки против испраќачот и оние кои тоа му го овозможиле. Ве молиме да ги пријавите повредите на оваа Општа политика за Spam. Како да се пријави несакана електронска пошта? Доколку корисикот сака да пријави несакана електронска пошта, треба да ги следи следните упатства:
- 1. Доколку корисникот добие електронска пошта од некого (или компанија) кого не го познава, не треба да праќа одговор на испраќачот, дури ни за опцијата отпретплатување – unsubscribe), и не треба да следи било какви инструкции за отстранување кои може да бидат вклучени во нивната електронска пошта. Наместо тоа, несаканата електронската пошта треба да се пријави во e-SETTER.mk. e-SETTER.mk детално ги следи пораките кои ги пријавуваат корисниците, за да ги открие најновите трикови и техники кои поединците и компаниите (наречени спамери) ги користат за да се обидат да ги избегнат нашите филтри за несакана елактронска пошта. Со тие информации, e-SETTER.mk може да ги ажурира филтрите за спречување на слични пораки да стигнат повторно во корисничкото сандаче.
- 2. Доколку spam или злоупотребувачката електронска пошта е испратена од account за електронска пошта на e-SETTER.mk (односно, telefonskibroj@prefiks.mk), пријавата ќе добие посебно внимание. e-SETTER.mk ќе ја оцени пораката и ќе преземе соодветни активности според Општите Услови за безбедност за користење на e-mail сервисотна e-SETTER.mk и Основната политика за Anti Spam.
- 3. Пријавувањето треба да го извршите на следната e-mail адреса: support@e-setter.mk
5. Политика за приватност на податоците при користење на е-mail сервисот и online услугите на e-SETTER.mk (Политика за приватност)
e-SETTER.mk сериозно ја зема во предвид Вашата приватност. Ве молите прочитајте ја следната содржина за да дознаете повеќе за нашата Политика за приватност на online барања на e-SETTER.mk.
ЧЛЕН 1 - Предмет на Политиката за приватност
-
1. Оваа политика го покрива начинот на кој e-SETTER.mk ги третира личните информации и информациите за корисникот со кои може да се изврши лична идентификација како Вашето име и презиме, идентификационен број (матичен број, број на лична карта, даночен број...), податоци за телефонскиот број, адреса, e-mail адреса, како и дополнителни демографски информации кои инаку не се јавно достапни, кои ги собира и добива, вклучувајќи ги информациите во врска со Вашето користење на e-SETTER.mk производите и услугите во минатото.
- 2. Личен податок е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува, а лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на матичен број.
- 3. Оваа политика не се однесува на праксите на компаниите кои e-SETTER.mk не ги поседува или контролира, или на луѓе кои не се вработени во e-SETTER.mkили со кои e-SETTER.mk раководи. Освен тоа, одредени компании поврзани со e-SETTER.mk, имаат сопствени политики за приватност кои можат да се видат со кликање на линковите.
ЧЛЕН 2 - Собирање информации
- 1. e-SETTER.mk собира лични податоци кога се регистрирате како корисник на e-SETTER.mk производи и услуги, кога се се регистрирате online на страниците на e-SETTER.mk како корисник за користење на online услугите , кога ги посетувате страниците на E-SETTER.mk или страниците на одредени партнери на e-SETTER.mk, како и кога учествувате во промоции или наградни игри организирани од e-SETTER.mk. e-SETTER.mk може да ги комбинира информациите кои ги има за Вас со информациите добиени од деловните партнери или други компании.
- 2. E-SETTER.mk може да Ве регистирира како корисник на услугите и сервисите online преку своите страници дефинирани за регистрација.
- 3. Кога се регистрирате, од Вас бараме лични информации, а соодветно на потребите и услугите, може да побараме дополнителни демографски и/или лични информации. За некои финансиски производи и услуги можеме од Вас да побараме дополнителни информации кои ќе ја потврдат Вашата сопственост. Кога еднаш ќе се регистрирате на e-SETTER.mk и ќе се пријавите за нашите услуги, Вие за нас повеќе не сте анонимни.
- 4. Кога се регистрирате online, посебно кога е потребен пренос на строго доверливи информации, протокот на Вашите лични податоци преку мрежата е заштитен со SSL протоколот за заштита на информации.
- 5. e-SETTER.mk собира информации за Вашите трансакции со нас и со некои од нашите деловни партнери, вклучувајќи ги и информациите за Вашето користење на финансиските производи и услуги кои ги нудиме.
- 6. e-SETTER.mk може да прибира информации за Вашата посета, вклучувајќи ги страните кои ги гледате, линковите на кои кликнувате и други активности поврзани со e-SETTER.mk сајтовите и услугите и мо же да прави логирање на активноста на корисникот.
- 7. Ве молиме да имате во предвид дека во случај да откриете лични податоци преку e-SETTER.mk групите или други јавни online форуми, тие информации може да ги приберат и користат други. Ве советуваме и предупредуваме да не давате лични податоци на непознати online, кои тие би можеле да ги користат за нелегални и штетни цели.
ЧЛЕН 3 - Употреба, споделување и откривање на информации
-
1. e-SETTER.mk ги колектира и користи Вашите лични податоци и вашиот е-mail account за да управува со e-SETTER.mk продуктите и сервисите и да ги испорачува услугите кои сте ги побарале. Тоа подразбира:
-
• Исполнување на барање за производи и услуги
-
• Подобрување на нашите услуги
-
• Прикажување на персонализирани содржини и промотивни материјали (реклами) соодветно на вашите интереси
-
2. E-SETTER.mk ги користи Вашите лични податоци и вашиот е-mail account на e-SETTER.mk за да комуницира со Вас. Тоа значи дека e-SETTER.mk:
-
• Може да праќа одредени задолжителни известувања и писма, како што се писма за добредојде, опомени за плаќање, информации за прашања за технички услуги и известувања за безбедност, електронски писма на Вашата е-mail адреса, за известување во процесот на регистрација за одереден продукт или услуга на e-SETTER.mk.
-
• Може да праќа периодични писма до корисниците, кои се сметаат за дел од e-SETTER.mk услугата.
-
• Може повремено да спроведе истражувања за производи и услугите на e-SETTER.mk кои ќе придонесат за подобрување на услугите спрема Вас.
-
• Може повремено да Ви испрати промотивни електронски писма со цел да Ве информира за други и нови производи или услуги на располагање од e-SETTER.mk.
-
3. e-SETTER.mk не изнајмува, продава или споделува лични податоци за Вас со други луѓе или други компании, освен за обезбедување на производи или услуги кои Вие сте ги барале, кога има Ваша дозвола или при следните случаи:
- • Обезбедуваме информации на партнери од доверба кои работат во име на или со e-SETTER.mk со договори за доверливост. Овие компании можат да ги користат Вашите лични податоци за да му помогнат на e-SETTER.mk да комуницира со Вас за понуди од e-SETTER.mk и наши маркетинг партнери. Сепак, овие компании немаат никакво право да ги споделуваат овие информации.
- • Одговараме на судски покани, судски налози или судски постапки или со цел да воспоставиме или да ги применуваме нашите законски права или во одбрана од тужби.
- • Веруваме дека е неопходно информациите да се споделуваат со цел да се истражува, спречи, или превземе дејство во врска со нелегални активности, при сомнение за измама, ситуации кои претставуваат потенцијална опасност за физичката безбедност на кое било лице, нарушување на приватност и условите за користење, или како што предвидува законот.
-
• Пренесуваме информации за Вас доколку e-SETTER.mk е купен или се спои со друга компанија. Во овој случај e-SETTER.mk ќе Ве извести пред да пренесе информација за Вас и пред таа да стане предмет на поинаква Политика за приватност.
ЧЛЕН 4 - Користење на Cookies
Cookie е мал фајл со текст кој е ставен на Вашиот hard disc од страна на Вашиот сервер на web страницата. Cookies содржат информации кои можат да бидат прочитани подоцна од web серверот во доменот кој Ви го издава cookie. Cookies не можат да се користат за работење со програми или пак да пренесат вируси на Вашиот компјутер.
- 1. e-SETTER.mkкористи “cookies” за да Ви овозможи да се пријавите на e-SETTER.mk услугите и да Ви помогне да го персонализирате Вашето on-line искуство.
- 2. e-SETTER.mk може да ги постави и да има пристап до e-SETTER.mk cookies на Вашиот компјутер.
- 3. e-SETTER.mk обезбедува рекламен простор на своите web страници за други компании.Некои од овие реклами на други компании може да поставуваат cookies и да имаат пристап до нив на Вашиот компјутер. Употребата на нивните cookies од страна на други компании е предмет на нивни сопствени политики за приватност, а не на овие општи услови. Огласувачите или другите компании немаат пристап до cookies на e-SETTER.mk. e-SETTER.mk нема пристап до cookies кои може да бидат поставени на Вашиот компјутер од рекламните мрежи на други компании.
ЧЛЕН 5 – Контрола на Вашиот е-mail account и Вашите информации
- 1. Може да извршите промена на информациите од Вашиот account преку www.webmail.e-setter.mk, како и Вашите преференци за маркетинг во кое било време.
- 2. Го задржуваме правото да Ви испраќаме одредени известувања кои се поврзани со услугите на e-SETTER.mk, како што се објави за услуги, административни пораки и e-SETTER.mk информации и известувања кои се сметаат за дел од Вашиот e-SETTER.mk account, и за нив не се нуди можност да одберете да не Ви пристигнуваат.
- 3. За бришење на Вашиот e-SETTER.mk account потребно е да се обратите во Службата за односи со корисници на бесплатниот телефонски број 0800 XXXXX .
ЧЛЕН 6 - Доверливост и безбедност
- 1. Го ограничуваме пристапот на Вашите лични податоци на оние вработени за кои сметаме дека имаат реална потреба да дојдат во контакт со тие податоци со цел да ви овозможат услуги или производи потребни за да ја завршат својата работата
- 2. Располагаме со физички, електронски и процедурални безбедносни мерки кои се во согласност со постоечките Законски регулативи со цел да ги заштитиме Вашите лични податоци од неовластен пристап, користење или откривање.
- 3. Кога пренесуваме високодоверливи информации (како број на кредитна картичка или лозинка) преку Интернет, ги штитиме преку користење на шифрирање, како Secure Socket Layer (SSL) протоколот.
ЧЛЕН 7 - Контролирање на “Spam” или несакана електронска пошта
- 1. e-SETTER.mk има строга политика која забранува користење на e-SETTER.mk e-mail account-и за испраќање на spam. За повеќе информации прочитајте ја “Политиката на e-SETTER.mk за Anti-Spam”.
- 2. Додека e-SETTER.mk продолжува активно да прегледува и имплементира нови технологии, како што е зголемени елементи за филтрирање, во моментов не постои достапна технологија која целосно би го спречила испраќањето и примањето на несакана електронска пошта.
ЧЛЕН 8 - Промени на оваа Политика за приватност
- 1. e-SETTER.mk може да ја ажурира оваа политика. Ќе Ве известиме за секоја значителна промена за начинот на кој работиме со лични податоци со тоа што ќе Ви испратиме известување на Вашата e-SETTER.mk e-mail адреса или со тоа што ќе поставиме видливо известување на нашиот сајт www.webmail.e-setter.mk.
ЧЛЕН 9 - Информации и контакти
- Вашите коментари во врска со оваа Политиката за приватност се добредојдени од страна на e-SETTER.mk.
- Доколку имате какви било прашања или предлози во врска со оваа Политика или сметате дека не сме ја применувале, Ве молиме контактирајте со регулативната служба на e-SETTER.mk. Или пријавете нерегуларности на службата за Односи со корисници на 0800 XXXXXX (достапна 24 часа).